Во соопштението пишува дека според член 51 од од уставот на Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со уставот, а сите други прописи со уставот и законот. Според што секој е должен да ги почитува уставот и законите.
Во членот 38 од Законот за локална самоуправа задолжителна обврска на членовите на советот е да дадат потпишана свечена изјава согласно содржината утврдена со овој закон. Во содржината на оваа изјава се зборовите Република Македонија, бидејќи не е извршена измена на законот за локана самоуправа и истиот не е усогласен со амандманот од уставот.
Меѓутоа, во соопштението се навадува дека имајки го предвид дека уставот е највисок правен акт во државата, а уставните промени имаат највисоко супериорно правно дејство, односно според член 51 од уставот сите закони мора во согласно со утавот, неспорно е се вели во соопштението дека употребата на уставното име на државата во сите прописи и акти на државните органи почнува од денот на влегувањето на сила на уставните амандмани, односно од 12 февруари, 2019 година.
Советниците во Штип и Аеродром, и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода потпишаа Свечени изјави со „Република Македонија”, а советниците од СДСМ ја напуштија седницата на Советот.
Министерството преку писмен допис од сите единици на локалната самоуправа побара да користат „Северна” во документите.






