вторник, 5 мај 2026

Соработката на Беса со Алијанса за Албанците е за локалните избори, вели Хоџа

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали Беса би поддржала ново парламентарно мнозинство, како што се најавува последните денови, Хоџа вели дека тоа ќе зависи од развојот на настаните на политичката сцена по локалните избори.

„Ние остануваме цврсто на нашата определба заедно со Алијанса за Албанците да ги победиме ДУИ во општините каде учествуваме во втор круг. Ова се локални избори, легитимитетот за парламентарни избори односно за нова влада доаѓа од парламентарни избори. Останува на времето да видиме по изборите како ќе се одвиваат настаните и како ќе се движи политичката сцена“, рече Хоџа.

Сега, според него, се зборува таксативно за локални избори и тоа треба да е тема. „Ова што се случува не е првпат. Во 2017 година ние бевме опозиција, а Алијанса за Албанците беше власт и тогаш имавме слична соработка. Тоа не е нешто што треба да се коментира во такви насоки, зборуваме за локални избори во интерес на локалната власт. На крај на краиштата станува збор за интерес за градовите, а не за политичките партии“, додаде тој.

Хоџа не ја коментираше изјавата на претставници од Алтернатива, кои се во коалиција со Алијанса за Албанците, дека не треба да се даде поддршка за ниту една партија која е дел од власта, додавајќи дека не би сакал да ја нарушува атмосферата од она што било постигнато со Алијанса за Албанците.

„Не би сакал да коментирам изјави кои одат на нивна штета. На крајот на краиштата очигледно е дека со сила може да земеш, а не да дадеш. Ако нема потреба од нашите гласови во Чаир остануваме тие тоа да го одредат во нивните политики“, рече Хоџа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ