сабота, 2 мај 2026

Снопче: Пописот беше одложен за есенва со цел да спласне еуфоријата кај Албанците

Објавено на

часот

Сподели

Снопче рече дека како се наближува крајот на пописот, дека така на адресата на неговата партија се пристигнати многу поплаки од граѓаните кај кои не е пристигнат попишувач. Според него, тоа е скандал, бидејќи според законот теренските попишувачи се должни да доаѓаат во секое домаќинство.ж

„Станува збор за мрачно сценарио благодарение на ДУИ, постојаниот вазал во владата на Северна Македонија. Пред 11 години го прекинаа пописот и не дадоа ниту едно објаснување за јавноста. Сега го одложија пописот со цел да се манипулира со процесот, што некому му оди во полза, но е спротивно само на интересите на Албанците“, рече Снопче.

Пратеникот од Алијанса за Албанците нагласи дека Заводот за статистика треба да работи 24 часа на ден, без прекин со цел да не остане ниту еден граѓанин непопишан. Според него, на попишувачите не им се дозволува да попишуваат по 5-6 домаќинства на ден со образложение, како што рече, дека не работи серверот.

Снопче рече дека неговата партија бара Собранието под итно да свика седница и да се донесе измена на законот со која ќе се овозможат уште десет денови за да се завршат пописните операции.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ