“Употребата на албанскиот јазик од страна на Џафери не претставува основа за интерпелација против претседателот на Собранието. Како албанска опозиција имаме низа на причини да сакаме тој да биде разрешен од функцијата, но во конкретниот случај барањето е неосновано“, рече Снопче и нагласи дека прашањето за употребата на албанскиот јазик како официјален и рамноправен со македонскиот треба да биде затворено.
Тој нагласи дека забелешките на коалицијата Алијанса/Алтернатива се сосема спроввини на тоа што за јазикот го тврдат со интерпелацијата ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
„Aлбанскиот јазик во Собранието е преведуван јазик. Ние, пратениците Албанци, не можеме само на албански јазик да поднесеме амандмани. Претедателот на парламентот материјалитте од министерствата често ги прима само на македонски јазик, па потоа ги преведуваат службите. Дипломатскиот кор е многу повнимателен, секогаш се обезбедува превод, покрај на македонски јазик и на албански јазик. Употребата на албанскиот јазик е биолошко право“, рече Снопче.
Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери откако на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан” официјално се обрати на албански јазик што е спротивно на Уставот на државата, информираа пратениците Гордана Силјановска-Давкова и Димитар Апасиев.






