сабота, 2 мај 2026

Силва жали за изјавата на Закаријаш дека „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот“, вели Османи

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што можам да кажам од разговорот со Силва е дека португалското претседателство покажа дека решение може да постои, потребно е само повеќе напор и разбирање. Министерот изрази жалење и ја реафирмираше уште еднаш позицијата на Португалија дека нивниот став е оној што го има во пишаниот документ што го доставија како предлог до Бугарија и Северна Македонија.  А тоа е македонскиот јазик да остане во преговаракаата рамка.

Претседателството има единствен предлог. Се менува претседателството, но не се менува предлогот. Јазикот е кодифициран од 1945 и никогаш не сме се пазареле за јазикот на билатерална основа“, рече Османи на средба со новинарите на Преспа форумот за дијалог.

Инаку, Силва, вчера на последниот ден од португалското претседателство со Унијата кажа дека португалскиот предлог содржи „македонски јазик“, и дека изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северномакедонски јазик“ е грешка.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ