недела, 3 мај 2026

Села: Заев ги штити партиските функционери, сака да го обвини медицинскиот персонал за трагедијата во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

Села рече дека со одлуката да не ги прифати оставките на министерот за здравство и неговиот заменик Зоран Заев конечно докажал дека не ги третира подеднакво сите граѓани, туку ги штити само своите партиски функционери.

„За него Филипче е поважен од утехата што треба да ја имаат семејствата на 14 -те жртви живи запалени. И знаете каде ќе ја бара одговорноста овој валкан човек. Ќе се обидува да бара кај оние што со тело и душа се обидуваа да им помогнат на пациентите, на медицинскиот персонал во Тетово кои немаат никаква вина. Има многу елементи за кои обвинителството треба да постапув. Прво, 11 -годишен директор кој е вршител на должноста. Второ, градоначалничката која нема направено техничко прифаќање на болницата, и се уште не дале дозвола за објектот, додека според законот за секој објект на територијата на општината дава дозвола општината. Трето, недостатоци на преградни sидови во објектите што би го спречило ширењето на оганот. Четврто, недостаток на апарати за гаснење на пожарот и денес тие луѓе би биле спасени. И пето, присуството на роднини на пациентите во просториите на модуларниот центар, што дојде како резултат на недостаток на медицински персонал. Ова е директна одговорност на премиерот Зоран Заев“, рече Села и вети дека за палењето на 14 граѓани на Тетово ќе има одговорност и покрај обидот да се сокрие вистината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ