петок, 8 мај 2026

Села: СДСМ, ДУИ и Алтернатива немаат легитимитет да бидат на власт

Објавено на

часот

Сподели

„Тој што ги доби изборите беше Заев, а не Ковачевски, за да биде мандатар. Зборот на Заев е зборот искажан пред јавноста и тој треба или да продолжи до крај, ако може, или, да прогласи избори и да одиме на избори. Али Ахмети и ДУИ исто така немаат легитимитет за да бидат дел од власта. Дојдоа со ветувањето дека ќе биде премиер Албанец, а сега по вторпат гласа премиер Македонец. Прво Заев, сега Ковачевски. Зошто не го гласа Насер Зибери? Ова е моментот. Политичка партија која првите 100 дена не ги држи ветувањата што ги дава нема легитимитет. Африм Гаши и Алтернатива немаат легитимитет зашто заедно со Села и Алијанса имаат земено гласови за да донесе промена кај албанското општество и да го прати ДУИ во опозиција, а не да го држи во власта“, изјави Села и повтори дека потребни се предвремени парламентарни избори.

По доделувањето на мандатот од денеска тече рокот од 20 дена за мандатарот на Собранието да му поднесе програма и предлог за составот на Владата. Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ