Како што вели Реџепи, одлучил да не присуствува на седница на која се доведува во прашање националниот и државниот интерес.
„Една од главните каузи, моја и на политичката партија на која ѝ припаѓам, Движењето Беса, беше интеграција на Република Северна Македонија во евроатлантските структури.
Земајќи го предвид политичкиот моментум по одлагањето на оставката на премиерот Зоран Заев, и силните сигнали од стратешките партнери САД и ЕУ, кои комуницираа со мене преку висок дипломатски претставник, дека во декември има голема шанса да има датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, одлучив да не присуствувам на собраниската седница на која се става под прашање оваа витална национална и државна точка. Како одговорен политичар и пратеник, не ја донесов лесно оваа одлука, ставајќи го на прво место интересот на народот и на државата.
На државата во овој значаен период не ѝ треба политичка криза и влегување во води со многу непознаници“, напиша Реџепи.







