четврток, 7 мај 2026

СДСМ: Недостасуваат пожарникари, а Арсовска го поништи огласот за да се вработат 20 нови

Објавено на

часот

Сподели

Од таму велат дека иако е евидентен недостигот на пожарникари во Град Скопје, Арсовска го спречила вработувањето на пожарникарите, со што ја загрозува општата безбедност на градот и граѓаните.

„Во изминатите четири години Град Скопје, раководен од СДСМ, сериозно инвестираше во унапредување на условите за работа на пожарникарите. Платата на пожарникарите се покачи за 20 отсто, а беше инвестирано во нова современа опрема за поголема заштита и поефикасна работа на пожарникарите. Данела Арсовска пред граѓаните го разоткрива своето режимско лице и покажува дека работи исклучиво за лични и партиски цели“, се вели во партиското соопштение. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ