среда, 6 мај 2026

СДСМ: Издишан е балонот на ВМРО-ДПМНЕ, немаат мнозинство и нема избори

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ, коалицијата и демократското мнозинство граѓани нема на бранот на еуфоријата да му дадат на Мицкоски поголема власт од оваа која ја освои на локалните избори. Државата и нејзината иднина се многу поважни од желбата за власт на Мицкоски“, порачува СДСМ.

Партијата оценува дека на граѓаните им е потребна Влада која дава резултати во своето работење и особено во време на пандемија и енергетска криза и Влада која нема да го закочи евроинтегративниот процес.

Ова парламентарно мнозинство затоа нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори, порачуваат од СДСМ и нагласуваат:

„СДСМ, коалицијата и граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да нѐ втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и на тој начин да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ