„Имав констрктивна средба со Милошоски, кој реферираше за Резолуцијата и сега мене ми преостанува да ги информирам партиските органи за содржината на Резолуцијата и целите кои со неа треба да се постигнат. Македонија треба да продолжи со интергративните процеси и Владата целосно да се посвети на тој процес, но и да биде многу внимателна како во разговорите со Бугарија, така и во спроведувањето на внатрешните реформите, важни за нашиот евроинтеграциски процес“, рече пратеникот Снопче.
Тој нагласи дека се многу битни односите со соседите, во тој контекст и со Бугарија и дека добрите односи во никој случај не треба да се нарушат и нагаласи:
„Има еден проблем. Го слушнавме министерот за надворешни работи Бујар Османи кој е од ДУИ, кога рече дека ваква резолуција може да им нанесе штета на односите на Македонија со соседите, а од друга страна ја имаме изјавата на портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов кој изјави дека Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ е добра. Треба СДСД и ДУИ како партнери да изградат свој став во врска со Резолуцијата, па потоа сите да разговараме за тоа прашање“, рече Снопче.






