На прес-конференцијата беа приложени, како што беше речено, номинацијата од Сојузот на стопански комори за Марика Јовановска (мајка на Данела Арсовска) доставена до Илија Димовски како претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата во 2019 година; биографија на мајката на Арсовска која пак во 2019 година е претседател на ССК и извадок од Службен Весник бр. 107 од 28 мај 2019,во кој е наведена одлуката за именување на членови на Совет за статистика. Мајката на Арсовска во тоа време била раководител на сектор за набавки во „Титан“..
„Има ли појасен случај на непотизам од овој?”, прашува организацијата на СДСМ и потенцира дека „само личност која што не поседува чесност и личен интегритет, а како претседател на ССК, може да овозможи нејзината мајка да биде номинирана и избрана за член на Совет за статистика, каде што хонорарот изнесува 10.000 денари по седница”.
Градската организација на СДСМ ја повика Државната комисија за спречување на корупција да го испита случајот на номинирање и избор на Марика Јовановска како член на Совет за статистика, на предлог на ССК, кога нејзината ќерка Данела Арсовска е претседател на ССК.






