недела, 3 мај 2026

Самитот во Словенија ќе биде потсетник за Балканот дека членството може да биде само сон, вели Политико

Објавено на

часот

Сподели

Политико пишува дека како што и се очекувало словенечкиот премиер Јанез Јанша бил тој што предложил на земјите од Западен Балкан да им се каже дека 2030 е последниот рок кога тие треба да бидат примени во ЕУ. Оваа перспектива „повеќето земји во блокот ја сметаат за нереална. Дискусијата на масата беше кратка, при што унгарскиот премиер Виктор Орбан беше еден од ретките што интервенираше… Синоќешната кратка дискусија може да биде знак за работите што доаѓаат денес. Малкумина очекуваат нешто суштинско да произлезе од средбите со лидерите на Албанија, Северна Македонија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора… Но, одлуката воопшто да се одржи самит се смета за симболично значајна. Словенечкото претседателство сака ова прашањето да го стави на дневен ред пред Франција да го преземе претседателството во јануари знаејќи го заморот од проширувањето во Париз“.

Во однос на денешната декларација што треба да се усвои, според Политико, имало и резерви дали воопшто и да се употреби зборот проширување затоа што било предупредено дека Унијата мора „да обезбеди сопствен развој и капацитет за интегрирање на членовите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ