„Најнапред сакам да истакнам дека бев член на ДПА, бев кандидат на таа партија и до крај бев лојален и победив. Но за жал, кога го добив првиот изборен круг со убедливо водство пред противкандидатот од ДУИ, лидерот на ДПА ме продаде многу евтино, ја знам таа цена. Заедно со ДУИ беа подготвени да ја сменат волјата на граѓаните на Студеничани.
„Но наидоа на ‘клинец’, иако државниот апарат на власта беше силно ангажиран, со поддршка и на безбедносните служби. И покрај нивните напори, само малку успеаја да го зголемат бројот на гласови, но недоволно, зашто ја имав поддршката на избирачите“, изјави”, рече Садику, а пренесува Коха.
Садику вели дека последниот контакт со лидерот на ДПА Мендух Тачи го имал по првиот круг кога, како што вели, Тачи му посакал да победи. Но потоа не му се јавил и не се виделе, а тој самиот решил да премине во Алијанса за Албанците за што добил поддршка од структурите на партијата во Студеничани.

Aлијанса за Албанците денеска објави дека Садику преминал во нивната партија и објави заедничка фотографија со лидерот и генералниот секретар Зијадин Села и Арбен Таравари.






