Во извештајот на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на финансиските извештаи на општина за 2020 година се изразува резервираност во однос на „реалноста и обејктивноста на финансиските извештаи, а за усогласеноста на активностите и финансиските трансакции со релевантната законска регулатива изрази неповолно мислење“.
Ревизорите заклучиле дека е регистрирана недоследна примена на Законот за градење за градбите во кои општината е инвеститор.
За расходи од 2.403.000 денари нема соодветна документација. Несоодветна е и евиденцијата на материјалните средства, а склучена била рамковна спогодба во износ од 18.880.000 денариа иако Државната комисија по жалби за јавни набавки донела решение за поништување на постапката, констатирале ревизорите.
Тие се сомневаат и во вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.
Во првата половина на 2020 година реализацијата на планираните приходи во буџетот е 30%, а со ребаланс истиот е зголемен за 20% со што се зголемува можноста од создавање на обврски. Годишниот извештај не ги содржи сите прилози и не е усвоен од Советот, не се пресметува и наплатува камата на даночните побарувања кои не се платени во рок и не се остварени приходи по основ на надоместок за одржување на јавна чистота, пишува во извештајот на ДЗР.
Од 2017 година градоначалник на општина Студеничани е Азем Садику од редовите на ДПА.






