
„Нема да дозволиме да бидеме дел од никакви листи и влада која е против Европската Унија и против Косово, влада која е антиалбанска, односно нема да бидеме дел од влада која би се залагала против сите модерни вредности“, рече Реџепи.
Откако првично најави дека ќе ја повлече поддршката на Иницијативата за недоверба на владата, затоа што на неа беа потпишани и пратениците на Левица, по повлекувањето на потписот на Димитар Апасиев, Реџепи се премисли и соопшти дека ќе ја поддржи.






