недела, 3 мај 2026

Преку 40 илјади лични карти не се издадени, а се поднесени барања, можно е гласање со истечен документ

Објавено на

часот

Сподели

Тој информира дека преку 40 илјади лични карти не се издадени, а се поднесени барања, некои од нив првпат.

„Имајќи предвид дека вака е заглавено ова решение, првата можност е со работа на Парламентот од 1 септември да се донесе законот и да се издадат тие лични карти. Втората работа е Министерството за правда, заедно со другите надлежни ресори, да работат како да изнајдат начин, со одлуки, правилници или критериуми, да дадат можност и со истечена лична карта да се гласа, затоа што граѓаните може да гласаат и со лична карта и со пасош. Но, сите немаат пасоши“, изјави Заев.

Тој изрази уверување дека за да се заокружи правото на граѓаните да гласаат ќе се изнајде решение, затоа што, како што рече, во пракса и во минатото со истечена лична карта заради неможноста да се издаде лична карта или од распишувањето на изборите кога е истечена личната карта, се даваше можност да можете и со истечен рок на важење на ваквите лични документи да се гласа.

Според Заев, проблемот е посуштествен, не е само за изборите. Голем дел од банките, напомена, не ги ставаат во функција трансакционите сметки со истечена лична карта, па граѓаните не можат да земат пензија, социјална помош, а некои имаат здравствбнеи потреби што се врзани со личната карта или со трансакционата сметка или други потреби.

Премиерот Заев информира дека на Влада специјално разговарале за ова прашање, министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски апелирал неколку пати, а ставот е дека без разлика дали се пратеници, министри, раководитеили на институции, сите треба да работат во интерес на граѓаните.

„Разбирам и радикално размислување, неодговорно однесување и се, но да нанесувате непоправливи штети по својот народ не можам да разберам“, рече премиерот Зоран Заев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ