среда, 6 мај 2026

Преговорите со Македонија и Албанија да почнат веднаш, порача Мирослав Лајчак

Објавено на

часот

Сподели

„За мене прашањето не е дали, туку кога, а како прв чекор, би препорачал да започнат, без задоцнување, пристапните преговорите со Албанија и Северна Македонија и да се испорача безвизен режим за граѓаните на Косово“, рече Лајчак и додаде дека ова е важно за регионот да ја гледа ЕУ како „сериозен, кредибилен и веродостоен партнер“.

Како што јавува МИА од Атина, говорејќи за последните случувања во Македонија, Лајчак објаснил дека оставката на премиерот Зоран Заев е затоа што Европската Унија не успеа да го исполни нејзиниот дел ветувањето, а ЕУ, според него „загуби еден од најдобрите партнери во регионот“, што е и знак дека Унијата треба да дејствува.

„Премиерот Зоран Заев ги загуби изборите, бидејќи не можеше да го исполни неговото ветување до граѓаните за почеток на пристапни преговори со Европската Унија, а неговото ветување не го исполни, не затоа што тој не го заврши неговиот дел, туку будејќи ние, Европската Унија, за жал не можевме да го исполниме нашиот дел. А како последица на тоа, загубивме партнер кој беше многу лојален на европската идеја и многу конструктивен и посветен, еден од најдобрите партнери во регионот. За мене ова е јасен сигнал дека регионот не може да чека на нас и време е ние, Европската Унија да дејствуваме, бидејќи во спротивно ќе губиме уште повеќе проевропски партнери“, истакна Лајчак.

Тој во обраќањето се наврати на солунската агенда од 2003 година велејќи дека сега, 18 години подоцна само Хрватска стана полноправна членка на ЕУ, а од останатите шест само две преговараат, а другите четири уште чекаат да почнат.

„Мислам дека ова не реалноста што нашите претходници ја предвидуваа во 2003 година“, истакна Лајчак.

Според него, целосната интеграција на Западен Балкан, „што значи полноправно членство на Западен Балкан е единствениот логичен пат напред“, а и во интерес на ЕУ е регионот да ги дели европските вредности.

„Подобро е да ги извезуваме нашите вредности, отколку да увеземе нестабилност од регионот“, порача Лајчак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ