среда, 6 мај 2026

Прегласувањето во Желино може и да ја растури владината коалиција, Беса денеска ќе расправа дали ќе остане во Владата

Објавено на

часот

Сподели

Општините Желино и Тетово се единствените општини каде Беса освои градоначалнички места по вториот круг од локалните избори. Разликата во гласови во предност на кандидатот на Беса пред кандидатот на ДУИ во Желино беше 69 гласа. По поднесените приговори на ДУИ, ДИК одлучи во Желино да има прегласување.

Утре ќе одржиме седница на централното претседателство, изјави вчера партискиот генерален секретар Аријанит Хоџа по одлуката на ДИК. Претседателството на партијата ќе заседава дали ќе  ја напушти владеачката коалиција.

Во Желино кандидатот за градоначалник на Беса, Блерим Сејди, освои 5.171 гласа, а неговиот противкандидат од ДУИ, Фатмир Изаири, освои 5.102 гласа. Разликата е само 69 гласа.

Во приговорите на ДУИ се вели дека по гласањето во Желино, отпечатоците од прст не се совпаѓале со бројот на гласачите, а еден граѓанин гласал со неважечка лична карта.

Беса на оваа одлука на ДИК има право на жалба до Управниот суд. Евентуалната одлука за напуштање на владината коалиција на Беса, ќе значи и ново собраниско мнозинство и пад на Владата. Во Собранието Беса има четворица пратеници, а бројот на пратениците од опозицијата е 58. За собраниско мнозинство, 61 глас, потребни се уште три гласа.

А.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ