сабота, 2 мај 2026

Пред Споменикот на децата бегалци одбележани 72 години од граѓанската војна во Грција

Објавено на

часот

Сподели

На настанот настапија наградените ученици, добитници на специјалната награда „Ѓорги Доневски”. Наградата го носи името на Доневски, кој е еден од иницијаторите да се формира здружението и да се направи Споменикот на децата бегалци во 1988 година. Во негова чест и за да не се заборави културата, уметноста, историјата и голготата на еден народ, во март годинава Здружението распиша конкурс за сите основни училишта. Децата глумеа, пееја, цртаа и пишуваа, а наградените ученици ќе добијат таблети.

Присутните положија цвеќе пред Споменикот на децата бегалци. За него со години се грижеше Здружението на децата бегалци од Скопје, а од денеска грижата за споменикот ја преземаат Град Скопје и Општина Центар.

Градоначалниците на Скопје Петре Шилегов истакна дека е многу важно да учиме од нашата историја и порача да се чува ова дело.

„Да не дозвилиме децата да ја имаат судбината на нашите дедовци. Затоа секогаш треба да бидеме посветени, со сериозни анализи, опфати и планирања кои се потезите кои ги влечеме во македонската политика. Во Град Скопје креираме политика секогаш да имаме подадена рака и таа секогаш да биде полна со луѓе затоа што само со луѓето можеш да живееш“, изјави Шилегов.

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ порача да се градат мостови и пријателства за да не се повторуваат настани како што се случувале во минатото.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ