сабота, 2 мај 2026

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе поднесат резолуција за спорот со Бугарија и ќе побараат државен консензус

Објавено на

часот

Сподели

Дефинициите кои ќе се употребат во резолуцијата се истите оние кои се употребени од МАНУ и од УКИМ како најреномирани научни институции што  говори и за намерата да се вклучат сите напредни елементи кои треба да предводат во заштитата на државните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Бугарските ставови се прецизно дефинирани во бугарската декларација и во она што сихронизирано го говорат бугарскиот претседател на држава и влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека проблемот е што македонските позиции се нејасни и свесно се допушта тие да бидат флексибилни и на штета на идентитетските обележја. Одговорна држава треба да има општествен и национален консезус за вака важни прашања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквиот предлог доаѓа по изјавата на државниот секретар на Португалија дека македонскиот јазик потекнува од бугарскиот, како од засилената негаторка реторика од источниот сосед.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ