сабота, 2 мај 2026

Повреда на избирачко право може да се пријави на бесплатниот телефон кај Народниот правобранител

Објавено на

часот

Сподели

Како што велат од канцеларијата на Народниот правобранител, по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени.

„Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право на граѓаните ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и до другите институции, со барање да постапуваат брзо и ефикасно во процесот на изборите со цел да им обезбедат остварување на загарантираното права на граѓаните”, се додава во соопштението. 

Исто така, за пријавување на повреди граѓаните можат да се обратат и во шесте подрачни канцеларии секој работен ден од 8 до 16 часот, на следниве телефонски броеви:

Подрачна канцеларија во Струмица 034 329-996, 

Подрачна канцеларија Кичево 045 228-586, 

Подрачна канцеларија Тетово 044 344-082, 

Подрачна канцеларија Битола 047 242-310, 

Подрачна канцеларија Штип 032 389-701 и 

Подрачна канцеларија Куманово 031 431-488.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ