„Типично за Димитров! Само тој е неупатен, не знаел, доцна му кажале, не сакал да си се меша во сопствените ингеренции и сите други му се криви до петто колено. Вака си има човекот истерано цела кариера“, напиша Попоски меѓу другото.
„А фактите се едноставни: целата ерменска афера е во негов мандат, ако сметал дека некој од вклучените не треба да биде каде е, можел веднаш да го реши проблемот, ако сакал да премести некој исто можел веднаш. Инаку Димитров менувал, враќал, поништувал конкурси, незаконски уназадувал, шиканирал куп луѓе во МНР, за што државата ја задолжил да исплаќа преку загубени судски спорови. Но на клучниот од аферата не му фали влакно од глава во текот на цело министерување на Димитров. Дури изгледа имал и време за слободни активности. Зошто Димитров не реагирал, ако како што пишува сега самиот бил запознат?“, напиша Попоски на својот фејсбук профил.






