Од вкупниот број 12.240 активни случаи речиси половината-5.689 се во Скопје, потоа 967 во Куманово, 945 во Тетово, 502 во Охрид…, а Дојран е последен на листата со само еден активен случај на ковид-19.
Од друга страна, иако вакцинацијата се одвива непречено, интересот за вакцинација е се помал. Спред вчерашните податоци од Министерството за здравство, претходниот ден прва доза вакцина примиле 1.717 граѓани, а вкупно се вакцинирале 6.897, што е далеку под бројките од 10 илјади дози прва вакцина дневно во периодот по воведувањето на последните мерки. Досега во земјата целосно се имунизирани над 714 илјади граѓани, а аплицирани се вкупно 1.495.762 дози. Барем една доза вакцина имаат примено 55 отсто од населението над 40 години и 31 отсто од населението од 18 до 39 години.






