вторник, 5 мај 2026

Пендаровски учествува на Светскиот лидерски самит за климатски промени во Глазгов

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ќе присуствува на отворањето на самитот и ќе се обрати на пленарната сесија на собирот, а ќе присуствува и на приемот што за лидерите учесници на самитот ќе го приреди премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.

Пендаровски ќе присуствува и на настанот со кој ќе се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, како и на лидерскиот настан „Акција и солидарност – критичната деценија“, во организација на британскиот премиер Џонсон.

За време на престојот, претседателот Пендаровски во Единбург ќе има средба со македонски студенти во Шкотска, стипендисти на Министерството за образование и наука и програмата Чивнинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ