Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека „Македонија2025“ е позитивен пример за придонесот на македонските иселеници во економскиот и демократски развој на Северна Македонија и ја изразил својата поддршка за нивната работа.
„Оддавајќи признание за досегашните вложени напори, претседателот Пендаровски ги охрабри претставниците на ‘Македонија2025’ за нивен засилен ангажман преку кои се искажува и волјата и решеноста на македонската дијаспора активно да се вклучи во градењето на иднината на Северна Македонија.
На средбата стана збор за идните планови на организацијата, како и за програмите за стипендирање и други проекти преку кои активно се градат лидерски вештини кај младите и се поддржува нивниот талент”, стои во соопштението од кабинетот на Пендаровски.






