вторник, 5 мај 2026

Пендаровски: Без разлика на вера, етникум, идеологија… да се обединиме во идејата за демократска држава

Објавено на

часот

Сподели

Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Благодарение на визијата на тогашните напредни интелектуалци за слобода и за правда, се осмисли почетокот за револуционерна борба и се обединија прогресивните сили во стремежот за остварување на националните и социјални идеали.

Во македонската револуционерна организација, посочува Пендаровски, имаше различни пристапи, концепти, идеолошки сфаќања, но секогаш само една и единствена заедничка идеја ‒ Македонија слободна и независна.

„Без разлика на вера, етникум, идеологија, партиска или каква било припадност да се обединиме околу идејата за демократска, развиена, напредна и просперитетна Република Северна Македонија. Да ги надминеме предизвиците на нашето време, да си ја сакаме и чуваме државата, да не се арчиме со меѓусебни судири и да го оставиме личниот интерес и суетите настрана“, истакнува Пендаровски.

Претседателот во честитката порачува „да продолжиме да градиме иднина, инспирирани од родољубието, пожртвуваноста и од хероизмот на нашите револуционери”.

„Нека е вековит 23 Октомври, Денот на револуционерната борба“, наведува претседателот Пендаровски во честитката по повод државниот празник 23 Октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ