петок, 1 мај 2026

Отстранети се проблемите во апликацијата за попишување, соопшти ДЗС

Објавено на

часот

Сподели

Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии, се вели во соопштението од ДЗС.

Колку за илустрација, велат од Државниот завод за стстистика, во тие два-три часа додека траеле техничките проблеми, биле попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата.

Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за, како што велат, несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации.

Од Македонски Телеком го демантираа Симовски кој претходно изјави дека не е проблем апликацијата туку дека проблемот е глобален, односно има проблем со интернетот во целата земја. 

Македонски Телеком нема никакви проблеми со интернет конекцијата и во текот на денот не е регистрирана ниту една пријава, велат од компанијата. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ