Вонредниот состанок се одржа во пресрет на закажаниот НАТО-Русија совет и другите состаноци во различни формати, со цел деескалација на кризата и изнаоѓање решение преку невоени, првенствено дипломатски начини на комуникација.
Министерот Османи ја повтори и поддршката на Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и изрази очекување за мирно решавање на ситуацијата во и околу оваа земја. Османи ја подвлече важноста на единството и кохезијата меѓу сојузниците, како силна алатка за зачувување на мирот и стабилноста, но и на блиската соработка со ЕУ и другите земји партнери, соопшти МНР.






