„Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните“, посочуваат од локалната самоуправа.
Нагласуваат дека согласно законските процедури, надлежностите на градоначалникот привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски.
„Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период“, порачуваат од локалната самоуправа.






