петок, 8 мај 2026

ДУИ: Наместо транспарентност на МЕПСО, јавноста гледа молк, криење и паника

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја информира јавноста дека на виделина излезе уште еден договор поврзан со компанијата ЕЛНОС БЛ, потпишан во рамки на јавна набавка на МЕПСО, институција раководена од кадри блиски до Вреди, пишува во соопштението од ДУИ.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведуваат од партијата, според договорот потпишан на 8 јули 2025 година, МЕПСО склучил договор за набавка на опрема со компанијата ЕЛНОС БЛ ДООЕЛ Скопје, фирма блиска до поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, фирма која „веќе неколку дена е во центарот на јавноста поради сомнежите за милионски штети и сомнителни тендерски постапки“.

„Го прашуваме Бурим Латифи зошто повторно истите компании добиваат договори во МЕПСО, по кои критериуми е избран економскиот оператор, дали е направена целосна проверка на компанијата и нејзините капацитети и кој ќе понесе одговорност доколку се потврдат сомнежите за злоупотреби. Наместо транспарентност, јавноста гледа молк, криење и паника. Бурим Латифи веќе со денови избегнува да одговори на прашањата поврзани со овие договори, додека институциите молчат пред сериозните индиции за можна злоупотреба на државни средства“, прашуваат од ДУИ.

Поради ова, од партијата бараат итна и независна истрага за сите договори поврзани со ЕЛНОС БЛ, објавување на целокупната тендерска документација, како и политичка и кривична одговорност доколку се утврдат незаконитости.

„Граѓаните заслужуваат одговори, а не молк. Скандалот во МЕПСО станува сè подлабок, а Бурим Латифи сè повеќе останува симбол на нетранспарентност и сомнителни зделки и како лице кое соработува и склучува сомнителни, нетранспарентни договори со фирми блиски до Милорад Додик“, велат од ДУИ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ