Хамил, познат и како отворен критичар на републиканскиот претседател, ја објави сликата на својот официјален профил со пораката:
„Кога само…
Треба да живее доволно долго за да сведочи на својот неизбежен катастрофален пораз на меѓуизборите, да одговара за својата досега невидена корупција, да биде отповикан, осуден и понижен поради своите безбројни злосторства.“
„Доволно долго за да сфати дека засекогаш ќе остане посрамен во историските книги“, додал тој.
Белата куќа одговори дека токму таквата реторика поттикнува насилство.
„Марк Хамил е болен човек. Овие радикални левичарски лудаци едноставно не можат да се воздржат. Ваквата реторика е токму она што инспирираше три атентати врз нашиот претседател во последните две години“, беше објавено на профилот на Белата куќа „Рапид респонс“.
.@MarkHamill is one sick individual.
These Radical Left lunatics just can’t help themselves.
This kind of rhetoric is exactly what has inspired three assassination attempts in two years against our President. pic.twitter.com/daJqcyssm7
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) May 7, 2026
Хамил потоа ја избриша објавата и се извини.
„Всушност, му го посакував токму спротивното од смрт, но се извинувам ако сликата ви била несоодветна“, напишал тој во посебна објава.
Минатиот месец еден маж беше обвинет за обид за убиство на Доналд Трамп откако пукаше на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон. Во деновите по пукањето, Трамп, Меланија Трамп и други американски претставници побараа телевизискиот водител Џими Кимел да добие отказ од Еј-би-си.
Кимел се пошегува дека првата дама го имала „сјајот на идна вдовица“ во скеч со кој ја пародираше вечерата, пред да се случи инцидентот. Меланија Трамп го обвини Кимел за „реторика на омраза и насилство“, која, како што рече, го поделува американското општество.
„Време е Еј-би-си да заземе став. Колку уште пати раководството на Еј-би-си ќе му дозволува на Кимел вакво ужасно однесување на штета на нашата заедница?“, праша таа.
Кимел одговори дека неговата шега била само алузија на разликата во години меѓу Доналд и Меланија Трамп.
„Се согласувам дека реториката на омраза и насилство е нешто што треба да го отфрлиме. Се согласувам и мислам дека одлично место за почеток на смирување на таквата реторика би бил разговор со вашиот сопруг“, рече тој во својата емисија.
Американската Сојузна комисија за комуникации во меѓувреме почна предвремена ревизија на лиценците на осум телевизиски станици на Еј-би-си во сопственост на Дизни. Претседателот на комисијата, Брендан Кар, ги отфрли тврдењата дека ревизијата е резултат на притисок од Белата куќа.






