
„Изборниот ден помина во мирна, слободна и фер атмосфера, а граѓаните уште помасовно излегоа да ги избираат претставниците кои ќе ги водат локалните самоуправи во следните четири години“, оцени Османи.
Тој кажа дека граѓаните добиле сеопфатна слика за понудите, а на овие избори, како што рече, најкреативна понуда била Зелената агенда на ДУИ .
„Одлуката на гласачите е автентична и политички целосно легитимна. Им честитам на сите избрани претставници на локалната власт. Имавме навистина успешни избори. Северна Македонија потврди дека е зрела демократија, земја која не случајно е членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија“, рече Османи.
Тој уште додаде дека тенденцијата од првиот круг продолжила, и граѓаните дале силна поддршка за Зелената агенда на ДУИ.






