
Дарко Костовски денеска ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник Велимир Смилевски, кој изгуби во првиот круг од локалните избори.
„Од денеска сум во служба на граѓаните и сите заедно ќе зачекориме кон модерна, безбедна и просперитетна општина Бутел“, рече Костовски при доделувањето на уверението.
Уверенија им беа доделени и на новоизбраните советници во Општина Бутел, каде мнозинството од десет советници го има ВМРО-ДПМНЕ.
Александар Георгиевски стана нов градоначалник на општина Илинден, откако уште во првиот круг ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општина Илинден во наредните четири години.
Уверението за избран градоначалник на општина Илинден на Георгиевски, му го врачи претседателот на Општинската изборна комисија, Гоце Крстевски на пригодна свеченост што се одржала во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“.
Уверенијата за избрани советници на Советот на општина Илинден ги примија и новите 15 советници, од кои 9 се од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ, двајца од Група избирачи и еден од Левица.






