„Методите на власта се тие и се познати. Но немам информации дали некој од овие пратеници се поколебал“, изјави Мицкоски, кој денес на прес-конференција најави дека ќе почнат постапка за недоверба на Владата ако премиерот Зоран Заев до понеделник не поднесе оставка.
Дека е почнат ловот по пратеници во Собранието потврди и пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз Павле Трајанов. Берзата за пратеници е отворена, но очекувам интересите на државата да бидат пред сѐ, вели Трајанов.
Демократски сојуз е на став дека нема да учествуваат во политичка влада со ново парламентарно мнозинство, туку ќе се позиционираат како опозициска политичка партија.
„Јас сум за лидерска средба на која ќе се дефинираат стратешките интереси на државата, понатаму каква влада ќе се формира, преодна влада, техничка, пржинска која што ќе има мандат да ја држи стабилноста на државата, да продолжи со најважните реформски процеси, да не ни ја затворат и натаму вратата за отпочнување на преговорите со ЕУ бидејќи има силни најави дека тоа ќе се случи во декември. Но независно од сите овие работи, велам мора сите овие институции да функционираат со полн капацитет, да преовладува разумното рационално однесување на сите лидери на партии, па и граѓаните во целина со цел да ја задржиме стабилноста на државата“, изјави денеска Трајанов.
Од СДСМ и коалицијата тврдат дека никој не врши никакви притоисоци и дека се сигурни дека никој од нивните пратеници, но и од помалите коалициски партери немаат намера да преминат во блокот на Мицкоски.
Координатотот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски вели дека сите пратеници од коалицијата на СДСМ даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста.
„Од друга страна, добивам информации дека дел од вчера потпишаните пратеници за гласање на наводна недоверба на владата се злоупотребени и не се точно информирани со кого, односно со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел. Со еден збор се злоупотребени“, изјави Митревски.
Од Алијанса за Албанците велат дека Мицкоски има дозвола да продолжи со преговорите за формирање на Влада, а постои можност новото мнозинство и да го зголеми бројот на пратеници.
И од Беса велат дека потписите на нивните тројца пратеници се сигурни.
Само пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи-Зајд, во изјава за медиуми на албански јазик изјавил дека нема да го поддржи новото мнозинство во кое е вклучена и партијата Левица и дека ќе побара од неговата партија да се повлече од овој договор.
Дел од помалите партнери бараат предвремено собраниски избори.






