Сепак, Заев денеска во Штип не сакаше да ги коментира изјавите на Пендаровски.
„Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа на претседател на државата. Неговата функција е да биде коректив. Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно. Да учиме од слабостите и да се усовршуваме. Тој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите.
Нема да ни падне круната од глава ако испрати критики, напротив, од критиките треба да учиме“, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по увидот на пречистителната станица во Штип.






