петок, 1 мај 2026

Наќе Чулев на Спасовски му одговори дека неговите пиони не дале никаква информација за криминал од меѓународни размери

Објавено на

часот

Сподели

„По не знам кој пат Оливер Спасовски причината за своите катастрофални грешки, пропусти и нестручност ги бара во мене. Самиот тој е свесен, но не сака да признае  дека вината за големиот број скандали кои во континуитет го тресат МВР и државата е само во Оливер Спасовски и луѓето поставени од него.

Мојата улога како технички министер во Владата беше спроведување на парламентарните избори. Краткиот период и големите опструкции беа пречка да се расчистат сите криминали во кои се инволвирани највисоките структури  во МВР. За тоа допрва доаѓа времето. Убеден сум и верувам дека правдата ќе го стигне и него и секој кој постапувал спротивно на Законот, на тој начин изневерувајќи ја довербата на граѓаните и валкајќи го угледот на државата и уништувајќи ја нејзината европерспектива.

Доколку сака вината во некого да ја побара тоа нека го направи во кадрите поставени од Владата и лично од него.

Ги повикувам надлежните институции да проверат кој и зошто и за какви цели издавал лажни пасоши, затскривал меѓународни скандали и надлежните организациски единици во МВР да покренат постапки за дисциплинска одговорност за сите луѓе на Оливер Спасовски кои се дел од неговите незаконски шеми и бизниси, а свесно ги кршеле законските прописи“, вели Чулев во постот на својот фејсбук профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ