понеделник, 4 мај 2026

MВР по обвинувањата од Максим Димитриевски: Нема да дозволиме притисоци, случајот ќе се расчисти

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено”, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот. МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата“, се вели во кусата реакција на МВР.

Максим Димитриевски денеска на својот фејсбук профил напиша дека станува збор за тортура каква што никогаш не се правела и дека е тоа срам за македонската демократија. Вели дека одел на лекар и дека без никакво образложение бил застанат од полицаец.

„Веќе подолг период сум следен од од возило на Министерството за внатрешни работи. Денеска, одејќи на преглед на матичен лекар, земени ми се документите од полицаец без никакво образложение. Претходно возилото на МВР беше возено од возачот на началникот на СВР Куманово Стојанчо Величковиќ. Нека му служи на честа и на господинот министер, а нека му служи на честа и на мојот поранешен другар, бидејќи ова не личи на ништо. Ваква тортура не се правела никогаш во македонската јавност“.

Во видео порака Димтриевски вели дека иако возилото е ново, со полициска придружба и со ротациски светла бил спроведен на вонреден технички преглед, поставувајќи го прашањето зошто се случува тоа. Тој најави дека за ваквите постапки ќе има одговорност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ