петок, 1 мај 2026

МВР набави нови 40 дрегери за мерење алкохол кај возачите

Објавено на

часот

Сподели

По неодамнешната набавка на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, како што велат оттаму, продолжуваат со опремувањето на сообраќајната полиција со цел уште поголемa безбедност на патиштата.

„Токму возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол се причинители на голем број тешки сообраќајни незгоди и затоа нивното санкционирање е еден од приоритетите на сообраќајната полиција. Сега сообраќајната полиција има 145 етилометри, за разлика од само осум етилометри во 2017 година“, велат од МВР.

Со новата опрема, додаваат, дополнително ја зголемуваат безбедноста на патиштата, а и во наредниот период ќе продолжат со неопходните набавки за да се обезбедат максимални услови за сообраќајната полиција.

„Како резултат на посветеноста за создавање безбедни средини за граѓаните, минатата 2020 година е година со најмал број на жртви, а од 2017 година наваму бројот на жртви континуирано се намалува“, додаваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ