петок, 8 мај 2026

МПЦ со порака за спорот со Бугарија: Со отстапки никогаш и никаде не се дошло до вистината

Објавено на

часот

Сподели

„Од нас, како од македонски народ, држава и црква, во ова време преполно со искушенија, се бара поголема грижа и дополнителна внимателност при решавањето на наметнатите прашања, коишто во последно време некои ги исправија пред сите нас. Да внимаваме, зашто никогаш и никаде не се дошло до вистината со отстапки од своите духовни, национални, историски и културни посебности. Само народи кои немаат свое, посегаат по туѓо. Затоа никој и пред никого, нема право да се откажува од она коешто, како дар Божји и како сенародно наследство, им припаѓа и на поколенијата пред нас, како и на оние по нас. Ниту една привремена добивка не е достојна замена за последиците што можат да произлезат од загубата на она што нè прави посебен народ, на ова парче македонска земја, дарувано од Бога и зачувано со безбројните жртви на нашите предци“, им порача на политичарите г.г. Стефан. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ