
„Засега само двајца наши државјани се обратиле до амбасадата, поради ситни потреби на чие барање е веднаш одговорено, но, ниту еден од споменатите не се наоѓа во загрозена состојба.
Остануваат во сила препораките упатени до граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во Казахстан, а оние кои во моментот се наоѓаат во земјата да не ги напуштаат објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации поради влошената безбедносна состојба“, соопшти МНР.
Оттаму информираат и дека дипломатскиот персонал во нашата Амбасада во Нур Султан не е загрозен и дека без прекин ги извршува работните задачи.
Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи случувањата во Казахстан и ќе излезе со дополнителни препораки за нашите државјани, доколку за тоа се јави потреба.






