петок, 1 мај 2026

Митева: Со прескапи садници кои се исушија Шилегов го празни буџетот на Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Како граѓани сме обврзани да плаќаме нов надомест за одржување на јавни површини, а за возврат добиваме уништено зеленило во градското подрачје поради лошото менаџирање на Шилегов, кој парите, како што рече Митева, ги потроши во празни проекти.

„Информациите со кои располагаме кажуваат дека многу од набавените садници не биле во согласност со димензиите од техничката спецификација па неколку од нив биле вратени на добавувачот. И повторно го прашуваме Шилегов, зошто во централното градско подрачје се уништени здрави дрва, додека други над 50 дрва кои претставуваат вистинска опасност за граѓаните не се отстранети иако за истите има уредна документација”, рече Митева и оцени дека градот има потенцијал за развој и напредок, но не со кадри на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ