петок, 1 мај 2026

Мицкоски: Одлучивме, ја поддржуваме Данела Арсовска за градоначалник на Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Данела Арсовска не е наш кандидат за градоначалник на Скопје, туку е кандидат на граѓаните и таа побара поддршка од партиите за својата кандидатура. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука на своите партиски тела да ја поддржи кандидатурата на Арсовска за добро на Скопје и скопјани. Очекуваме таа да победи“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,

На прашањето дали средбата со Арсовска на коалицијата Алијанса/Алтернатива значи и нивна поддршка за нејзината кандидатура, Мицкоски не одговори директно. Рече дека со таа коалиција ВМРО-ДПМНЕ договори соработка.

„На пример, каолицијата ќе ги поддржи нашите кандидати за градоначалници во Бутел и Гази Баба, како и во некои други општини каде нема да истакнат свои кандидати, а ние, на пример, ќе ги поддржиме нивните кандидати во Сарај, Дебар, Струга, Гостивар и во некои други општини“, рече Мицкоски.

Тој и детално кажа зошто е битна градоначалничката трка за Скопје. Рече дека главниот град стагнира во овие четири години, нема од таа власт започнат капитален објект, иако се потрошени над 400 милиони евра од буџетот. Епилог е град кој не нуди решенија за граѓаните, рече тој и нагласи дека не се работи за недостаток на средства, туку на идеи и работа.

„Имаме проблеми од 19 век во Скопје, проблеми со водата, канализацијата, поплави, а многу бетон кој го загрозува животот. На скопјани им се гади од политика. Им треба личност која ќе ги обедини и која знае да го развива градот. Се водиме од интересот на сите граѓани, од решение кое натпартиски ќе обезбеди професионалец како личност. Затоа, Извршниот комитет, потоа и Централниот комитет одлучија да ја поддржиме Данела Арсовска, исклучителен професионалец со импресивна биографија, многу образована и позната во меѓународни рамки. Скопје заслужува силна жена“, рече меѓу другото Мицкоски и додаде дека е убеден дека таа е добитната комбинација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ