петок, 8 мај 2026

Мицкоски: Ковачевски и Бучковски немаат легитимитет да преговараат за идентитетот на македонскиот народ

Објавено на

часот

Сподели

„Во неколку денови имаме неколку различни изјави од комедијантот Трифонов, неколку денови гледаме како останатите коалициски партнери во Владата го демантираат, немам што да дадам дополнително како коментар на изјавите на комедијантот Трифонов, кој што е еден од главните промотори и македономрзци промовирани во јавноста во изминатиов период“, истакна Мицкоски.

Тој во однос на посетата на бугарскиот премиер Петков во Скопје и очекувањата од истата истакна дека нема официјална потврда и информација за таквата средба, а очекува решение кое нема да одлучува за идентитетот на македонскиот народ и ќе биде во немилост на нелегитимен премиер и на авантурист преговарач како Бучковски.

„Очекувам да се слушне гласот на македонскиот народ, на најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, која има најголема пратеничка група во Собранието, од определени гимнастики познати на јавноста е за жал во опозиција, а со најголем број градоначалници и советници, политичка партија која го депласираше СДСМ на последните локалните избори, а како што стојат мерењата на јавното мислење ќе го депласира и на наредните парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека мандатарот кој ќе го предложи составот на новата влада нема легитимитет да преговара во името на македонскиот народ за неговиот идентитет, а уште помалку авантуристот Бучковски да дава ветувања и да ја гази преговарачката позиција која со години е градена.

„Очекувам не само од Петков, туку и од сите оние кои го фасилитираат процесот да го слушнат гласот на народот и на најголемата политичка партија, која има што да каже по ова прашање“, истакна Мицкоски во денешната изјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ