Јас сум шокиран ако е вистина дека некој, помеѓу двата изборни круга, одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет и да ја распродава Македонија, а за сметка на тоа да опстане политички. Веднаш упатувам повик до тие политичари да поднесат оставки, но и повик до останатите членови на комисијата која преговара, односно до таканаречената историска комисија, да го следат чекорот на професорот Ванчо Георгиев и да поднесат оставки. Треба да се свесни дека слугувањето на тие што ја продаваат Македонија ќе биде запишано на темната страница од македонската историја.
Ние имаме јасна Декларација усвоена во Собранието и очекувам да се држат до Резолуцијата на парламентето. Очекувам личните и бизнис интереси да бидат оставени по страна и апелирам до членовите на таа комисија на трезвеност и патриотски чувства и да внимаваат за што преговараат и што потпишуваат имајќи предвид дека ова се чувствителни моменти за македонскиот народ“, изјави Мицкоски денека во Битола на новинарско прашање по веста дека д-р Ванчо Ѓорѓиев поднесе оставка во македонскиот дел на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија






