„Ја очекуваме оставката на Заев. Ако Собранието не ја добие оставката, ќе поднесеме иницијатива за недоверба. Постои ново мнозинство и ако Заев не ја поднесе оставката, ние ќе ја поднесеме иницијативата. Ако утре ја поднесе оставката, има процедура за нова влада. Сите опции се во игра – окрупнување на опозицијата и ново мнозинство и втората е брзи предвремени парламентарни избори. Ова мнозинство гарантира дека владата на СДСМ и Зоран Заев се минато. Ние ветуваме влада против корупцијата и криминалот, реформи во здарвството и образованието, продолжување на евроинтегративните процеси… Втората опција се брзи парламентарни избори“, изјави вечерва Мицкоски и за утрешниот ден вети повеќе детали.
Мицкоски: Чекаме Заев да ја поднесе оставката, а потоа ќе видиме дали ќе одиме со нова влада или брзи парламентарни избори

ТОП ВЕСТИ





