„Состојбата во државата е сериозна. Не е време за славење. Македонија во наредниот период ќе ја зафати енергетска криза, како што се случува во многу земји. Економијата тоне во државата“, рече Мицевски.
Во однос на оставката на премиерот Зоран Заев, Мицевски потврди дека не е официјално испратена до Собранието и дека, како што кажа, сѐ уште е Фејсбук оставка, а за неа ќе се произнесат конкретно дури откако ќе ја видат.
Во зависност од писмото што ќе биде добиено ќе се знаат и процедурите, односно она што ќе треба да се прави како наредни чекори во Собранието. Тој кажа дека согласно Уставот имало постапки каде претседателот на Републиката по доставувањето на оставката, таа се констатира во Собранието и претседателот на Републиката е должен во рок од 10 дена да ја достави на мандатар кој ќе приложи мнозинство од 61 пратеник, па потоа мандатарот има 20 дена за одлучување, односно за составување на новата влада. Тоа, како што рече, ќе се види откако ќе биде доставена оставката
„Ќе се обидеме да направиме ново парламентарно мнозинство, имајќи ги предвид резултатите од локалните избори. Ако не успееме тогаш најдобро е да има предвремени избори, бидејќи оваа влада и ова мнозинство го изгубија легитимитетот.
Очекуваме оставка“, рече Мицевски, одговарајќи на новинарски прашања во Собранието.
Тој додаде дека верува во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но, потребни се сериозни анализи, сериозни симулации на состојбата, разговори со сите политички чинители за да може, како што рече, да излезат со одреден став за она што ќе се случува во наредниот период.






