„Што прави Филипче со неговите наводно нови превентивни мерки? Прво, ги дели вработените во јавниот и приватниот сектор. Второ, да се приложи потврда за прележан ковид не постара од 45 дена е нешто што се коси со сите досегашни научни сознанија. Или, едноставно, кажано прележан ковид штити од 6 до 12 месеци. Трето, ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок е големо финансиско оптеретување на секој еден граѓанин во овој период кога сите цени драстично се зголемуваат. И сето тоа е поради лошото менаџирање на економијата од оваа власт. Еден тест со речиси најниска цена чини околу 1.500 денари. Или секој граѓанин ќе мора месечно да дава повеќе од 100 евра за тестови. Четврто, рокот од 10 дена за приложените мерки да стапат на сила откако ќе ги усвои Владата, не се доволни за да можат сите граѓани кои не се вакцинирани да се вакцинираат. Бројот на невакцинираните е голем заради лошо спроведена вакцинална кампања, а притоа потрошени се огромни средства. На европската листа на починати на милион жители Македонија е на високото трето место“, рече Шопова.
Според неа, „министерот за смрт“, стручната фела ја множи со нула, како да не постои, а дека, како што рече, наместо стимулативни мерки, Филипче продолжува со закани, уцени кон граѓаните,






