петок, 1 мај 2026

Македонка по потекло од Загоричани во Белград не може да извади македонски пасош

Објавено на

часот

Сподели

Во разговорот за МКД.мк Александра ни рече дека морала да го исполни заветот на нејзините претци. Таа денеска со нејзиниот татко живее во Србија. Тие живееле и во Романија и во Словенија и во Германија… и никогаш немале македонско државјанство.

Но, со документи докажува дека нејзиниот татко и дедо и прадедо се по потекло од Егејска Македонија, дека живееле во Загоричани, дека се бореле за слобода на Македонија и Македонците. Александра за сето ова има разни документи, фотографии, факсимили… кои имаат дури и музејска вредност, но сето ова за службеничката во македонската амбасада во Белград немало никакво значење.

„Од разговорот со службеничката сфатив дека прво треба татко ми да добие македонско државјанство, а потоа и јас. Но, од сето она што сакав да го приложам во амбасадата како документација за македонското потекло на мојата фамилија, сѐ уште ми одзвонува одговорот од другата страна на слушалката – зошто ви е сето ова! Јас не се откажувам. Јас ова мора да го реализирам, едноставно тоа е она што ми го порачаа и прадедо ми Михајло чиј гроб е во Загоричани, и дедо ми Константин кој беше роден во Букурешт и татко ми Михајло. Морам да ги почитувам моите корени. Која сум јас тука да застанам и да прекинам“, вели Александра убедена дека сепак ќе успее во својата намера.

Од македонското Министерство за надворешни работи и натаму молк за овој случај.

Еве го аудио сведоштвото на Александра објавено на Офф.нет.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ