сабота, 2 мај 2026

Македонија нема основа да бара екстрадиција на дипломатот Миленковски, вели Маричиќ

Објавено на

часот

Сподели

Министерот нагласи дека институциите од Србија не стапиле во контакт со Министерството за правда, но тој нема информација дали е стапено во контакт со македонското Министерство за внатрешни работи.

„Јас ги имам информациите што ги имаат веројатно и јавноста и дел од владините функционери. Министерството за правда нема тука улога, бидејќи лицето кое што е во притвор, нашиот дипломат кој што е во притвор во Србија, нема кај нас отворена постапка заради која што ние би го барале како држава“, рече Маричиќ.

Тој напомена дека може да се бара екстрадиција или транфер на осудено лице, меѓутоа, како што рече, дипломатот засега не е осуден, ниту пак во земјава има постапка врз основа на која ќе треба да го бараат.

МКД.мк на 3 септември го отвори случајот со апсењето на Миле Миленковски, заменик амбасадор при македонската мисија во ОБСЕ, како случај зад кој се тркала голема крими – приказна поврзана со настани во Ерменија и вклученост на Интерпол. Миленковски повеќе од еден месец се наоѓа во притвор во Врање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ